петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 73 ново

Влатко Васиљ во Загреб запишува кој пее „Излези момче“?

Твитерџијата Влатко Васиљ, кој како перјаница на СОРОС одработуваше, а потоа се реши да ја прифати понудата на новата власт и да биде соработник и дел од тимот задолжен за комуникации со социјални медиуми и дигитална транспарентност, за на крај да заврши во тимот на Шилегов.

Истиот тој Васиљ што пишуваше на својот фејсбук профил дека „ Граѓаните зимаат, ама граѓаните и даваат. Македонија конечно се ослободи и бутна гаден и криминален режим, а истовремено доби шанса да покаже дека може да биде различно, може да биде подобро“, вчера во Загреб заедно со Шилегов беше фотографиран на ракометниот натпревар.

-Власта значи одговорност, а одговорноста бара макотрпна и чесна работа во служба на граѓаните!, пишуваше Васиљ, но еве веќе денеска Цветин Чилиманов, исто така на Фејсбук го потсетува: „ Дојде живот за Влатко Васиљичарот, град Скопје да му плаќа да се шета на натпревари. Веројатно го пратиле да запишува кој се’ ја пеел “Излези момче”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top