четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Јоргос Катругалос: Преговараме за име кое ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос вели дека можното решение за името не смее да биде средство за иредентизам, пренесе МИА.

„Ние преговараме за име коешто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје и нема да служи како средство за територијални амбиции против нашата држава, изјави Катругалос.

Говорејќи на дебата посветена на оваа тема, Катругалос напомена и дека првпат после долго време постои оптимизам но и дека нема загарантирано решение на проблемот.

 

извор: стандарт.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top