петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 96 ново

Пожар од експлозија на печка на дрва: 8 лица загинаа, а 50 се повредени

Во пожар што зафати еден кат од зграда во центарот на португалскиот град Тонделе, околу 250 км северно од Лисабон загинаа осум лица, а близу 50 се повредени.

„Во зградата се одржуваше турнир во популарна португалска ирга со карти суеци, во која учествувале 70 луѓе. Пожарот избил во просторија на повисоките катови од зградата, а причина е експлозија на печка на дрва“, вели командантот на Цивилната заштита Паоло Санотос.

Иако пожарникарите стигнале многу брзо, а пожарот е изгасен за еден час, во зградата настанала паника, која според очевидци траела 5-6 минути.

Градоначалникот на тонделе, Хозе Антонио Хесус несреќата ја нарече катасторфа.

Во гасењето на пожарот и спасување на несреќните учествувале повеќе од 170 пожарникари, три хеликоптери со кои повредените се префрлени во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top