сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 8 ново

Талески ја откри пораката од Гонзалес: Бидете посигурни во завршницата!

Еден од најважните голови во натпреварот секако беше оној на Филип Талески на неколку секунди пред полувремето. Тој откри каква порака добиле од шпанскиот стратег Раул Гонзалес на полувремето, но и според него неговиот погодок бил еден од најважните на средбата.

-Стартувавме лошо, промашувавме, а тие го имаа одличниот Скок на голот, мислам дека мојот гол во последните секунди од првиот дел беше еден од клучните моменти. Во продолжение се консолидиравме и успеавме на паркетот да ги спроведеме замислите на нашиот селектор. Раул од нас побара да играме во ист ритам, но со дополнување да бидеме посигурни во завршницата. Во второто полувреме ние тоа и го направивме, а секако имавме и помош од нашите голмани кои во овој период беа одлични, изјави Талески.

извор: sportski.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top