среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 115 ново

Хрватите за натпреварот Македонија – Словенија: Какво шоу, ова е најлуд натпревар на првенството!

Хрватските медиуми имаат само пофални зборови за вечерашниот натпревар на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во нивната земја.

Според пишувањата на колегите средбата Македонија – Словенија која ја добија избраниците на „Ел Команданте“, Раул Гонзалес, се одиграла во одлична атмосфера. Македонија славеше со 25-24 (11-11).

– Двете селекции имаа поддршка од по најмалку пет илјади навивачи на трибините, а играчите одиграа одличен меч полн со пресврти во кој сосема заслужен славеа Македонците – пишуваат порталите во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top