среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 112 ново

„Вујо мајсторе“ ќе менува професија: Ако јас не ги знам правилата тогаш е подобро да сум рудар!

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ има намера да менува професија. Тој по поразот од Македонија (24-25) на средбата со новинарите имаше забелешки за судењето.

– Јас им честитам на играчите на Македонија за победата. Немам замерка на ракометарите на Македонија и на моите играчи. Имам замерка лично до мене. Јас признавам дека после 45 години во ракометот не ги знам ракометните правила. Сфатив дека оваа игра не се играчите и за публиката туку за господата коишто одлучуваат што, кога и каде. Во 90 проценти од ситуациите не знаев што отсудија многу и на страната на Македонија и на страната на Словенија. Доколку луѓето од ЕХФ и оние коишто одлучуваат го оценат ова судење добро тогаш мислам дека ми е паметно и да се преориентирам на други работи. Мислам да се занимавам со рударство или со некоја друга работа која е полесна од оваа. И честитам на екипата за победа и знам колку значи многу за Македонија и за македонскиот народ – изјави Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top