среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 59 ново

Лазаров: Најклучно за победата беше нашата публика, тие беа мотив за нас

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, од сѐ срце им се заблагодари на навивачите кои одвоија време и пари да дојдат во Загреб и да им помогнат на патот кон успехот.

– Најклучно за победата беше нашата публика. Се чувствувавме како да играме дома, во ‘Борис Трајковски’. Нивната голема бројка беше дополнителен мотив за нас, да го оставиме срцето на терен. Свесни бевме дека не смееме да кискнеме. Победивме одлична репрезентација, цврта и борбена поради што се чувтствувам како да одигравме два меча, а не еден. Тие што разбираат спорт знаат дека не ни беше лесно. Вујовиќ постави гранитна одбрана и не беше лесно да се приближиме. На крајот ја задрживме топката. Сега да се одмориме добро и без потценување да одигравме со Црна Гора. Газиме цврсто на земја и играме со големо срце за цела Македонија – изјави Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top