среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 50 ново

Миркуловски: Направивме неколку глупави грешки, ни требаше време да влеземе во ритам

Филип Миркуловски како и секогаш одигра неверојатно борбено. И во нападот и во одбраната тој понесе голем товар, па на крајот од средбата имаше огромен придонес во понедата.

– Направивме неколку глупави грешки на почетокот. Ни требаше време за да влеземе во мечот. Потоа откако се вративме се играше гол за гол. Успеавме да се снајдеме и кога беше најпотребно да го покажеме најдоброто. Сега ќе ни треба време за да се одмориме и да се вратиме во ритам и да можеме добро подготвени да го дочекаме дуелот против Црна Гора – изјави Миркуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top