недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 8 ново

Изгореа две жени во дом за стари лица во Калитеа

Две жени починаа, а уште две се повредени во пожар кој изби во старечки дом во Калитеа, во јужното предградие на Атина.

Како што пренесе агенцијата АНА, пожарот избил во утринските часови во сутеренот на домот.

Загинале жени на возраст од 68 и 55 години. Тие одтанале заробени во својата соба која се наоѓала на сутерен.

Уште две жени се префрлени во болница поради респиратосни проблеми. И нивната соба била во сутерен.

Останатите корисници на домот биле евакиурани, а потоа и одвезени во болница на преглед

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top