четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Помалубројни сме, ама погласни во Загреб: Ечи „Македонија, Македонија“

Иако македонските навивачи се помалубројни во „Арена“ во Загреб, каде што е во тек Европското првенство (ЕП) за ракометри, во однос на Словенците, сепак, се погласни и ечи „Македонија, Македонија“.

Во тек е 45. минута од натпреварот Македонија – Словенија, остануваат уште 15 минути до крајот, а Македонија со голот на капитенот Кирил Лазаров, води со 18-17. Ова е шести гол за капитенот. Македониија вториот дел го почна одлично, со серија 4-0, а голманот Никола Митрески ја продолжи одличнат серија одбрани на голот на Македонија. Словенците се доближија резултатски, но пред се, благодарејќи на искчувањата кои ги заработи Македонија. Во еден момент бевме со тројца играчи во поле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top