петок, 20 април 2018 | Вести денес: 0 ново

ЕП во Хрватска: Лавовска борба на ракометарите, имаме нерешен резултат на полувреме со Словенците

Со голот на Филип Талески со звукот на сирената македонската машка ракометна репрезентација има нерешен резултат (11-11) по првите 30. минути со Словенија во првиот меч од првото коло од групата Ц на Европското првнество (ЕП) кое е во тек во Хрватска.

Откако голманот Никола Митрески забележа две одбрани едно по друго, а Немања Прибак го намали водството на Словенците на 10-11, капитенот Кирил Лазаров имаше обид за целелин до Манасков. Но, обидот на успеа. За среќа, нападот на Словенците беше безупсешен благодарејќи на обраната на Митрески, така што по асистенција на капитенот Лазаров Талески го постигна првиот погодок.

Словенците во текот на целиот меч имаа предност од два гола и го диктираше темпото, а Македонија го „бркаше“ резултатот. Словенците играа мошне грубо и за тоа говорат и исклучувањата (вкупно пет), а на голот го имаат и одличниот Скок кој ги „откажа“ Манасков и Георгиевски неколкупати. Скок забележа вкупно 9 одбрани за 30 минути.

Манасков двапати беше прецизен од линијата од седум метри, а Лазаров постигна вкупно пет гола. По еден постигаа Стоилов, Талески, Филип Лазаров и Прибак, а Митревски забележа седум одбрани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top