недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Европскиот првак Германија ја декласираше Црна Гора

Актуелниот ракометен европски првак Германија ја декласираше Црна Гора со 32-19 во првиот меч од група Ц во која е и Македонија на ЕП кое вчера почна во Хрватска.

Предводени од Уве Генсхајмер, кој имаше само едно промашување и постигна девет гола, Германија го растури црногорскиот состав, Пол Друкс даде пет гола со стоотстотен ефект, а по три погодоци запишаа Вајнхолд, Кун, Колбахер и Вебер. Голманот Андреас Волф со 46 отсто одбрани (12 вкупно) имаше огромен придонес во победата на својата репрезентација.

Кај Црна Гора најефикасен беше Владан Липовина со седум погодоци, а Милош Божовиќ даде четири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top