петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 78 ново

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ е најмоќната, најголемата и најбројната партија која секогаш е на браникот на татковината

Гостин во вестите на Канал 5 телевизија во вестите во 18 часот беше новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, тој на граѓаните им ги честиташе новогодишните, божиќни празници и Василица, им посака здравје, благосостојба и подобар живот.

Тој кажа дека за него позицијата генерален секретар на партијата значи еден голем предизвик, каде што треба да се врати ВМРО-ДПМНЕ на здрави нозе.

-Најмоќната партија во Македонија, најголемата партија и по бројот на членство, меѓутоа и по тоа што секогаш била како ВМРО-ДПМНЕ на браникот на татковината. Ќе не очекува една исклучително напорна работа која што заедно со претседателот на партијата, заедно со новиот Извршен Комитет и со сите оние луѓе кои што сме вклучени во највисоките структури на партијата. Верувам дека за многу кратко ќе покажеме пред сите што вистински значи да се биде ВМРО-ДПМНЕ, изјави Јанушев во гостувањето на Канал 5.

Тој кажа дека најголем дел од идеите на новото раководство на партијата ќе бидат преточени во новиот статут на партијата.

-Тоа нешто што последниот период се зборува доста често, на што веќе интензивно работиме еден одреден период, пред се преку едно суштинско анализирање на статути на нашите сестрински партии од Европа и од соседството. Очекувам во следниот период да излеземе со конкретни предлози, каде што на некој начин дел од начинот на функционирањето на партиските работи ќе бидат изменети, некои ќе бидат дополнети, негде ќе бидат предвидени нови работи. Така што пред се изворот на идеи го гледам тука, изјави Јанушев.

Јанушев кажа дека во однос на функционирањето на генералниот секретар и на поставеноста на партијата во однос на тоа, пред се фокусот ќе биде на работата на самиот секретаријат, на теренската работа, зацврстување, зајакнување на самите општински и месни комитети.

-Јас имам еден принцип на работа каде што работам заедно со мојот тим и со мојата екипа не избрзувам во донесувањето на решенијата, контактибилен сум со секого, без разлика дали станува збор за личен контакт или за телефонски разговор. Отворен сум да ги ислушан сите идеи и размислувања на било кој наш член од било која структура, по што заеднички ќе донесување решенија и ќе се договараме, како ќе делуваме во иднина. Во било кој случај, силно сум убеден у верувам дека почнувајќи од денес ќе ги влечеме вистинските чекори за што побрзо ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт и со тоа нормално да донесе вистински подобар живот за граѓаните, изјави Јанушев.

Како што кажа Јанушев, ова што го гледаме посебно во последниве неколку месеци, гледаме дека актуелната власт нема компас во однос на раководењето на државата.

-Она што треба да се фокусираме е како ќе делуваме во иднина, односно од овој период па натаму, начинот на работа, контактот со сите луѓе, слушањето на било кој глас, на било кои идеи, на било кој предлог и заедничкото донесување на решенија, се само еден чекор. Можеби за некој е мал, но јас лично сметам дека тоа е голем чекор за тоа како понатаму ќе дејствуваме како политичка партија, изјави Јанушев.

Јанушев напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е на здрави нозе, дека општинските и месни комитети се во добра кондиција.

-Она што сметам дека треба прво да го направиме е да му покажеме на народот, на граѓаните на Репупблика Македонија дека нема зошто да се плашат, дека се ова што се случува во Македонија потребно е што побрзо да заврши. Бидејќи доживуваме крах, како финансиски, имаме од почетокот на годината задолжување од негде околу 570 милиони евра, или ако направите една едноставна математика ќе видите дека тоа е некаде околу 1.200 евра од семејство. Бензините поскапуваат, да не зборувам за решенија. Значи едноставно оваа влада нема компас и не знае како понатаму и што понатаму, како со државата, изјави Јанушев.

Јанушев напомена дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството има непосредни, интензивни контакни, цело време има координации за тоа како ќе се настапува и кои ќе бидат следните чекори.

-Во оној момент кога ќе одлучиме дека е најдобро да се вратиме во Собранието, за тоа ќе биде благовремено известена целокупната македонска јавност, изјави Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top