петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 92 ново

Стигнаа лоши вести за Домагој Дувњак

Хрватскиот ракометен репрезентативец Домагој Дувњак најверојатно го заврши својот настап на штотуку почнатото Европско првенство кое ќе трае до 28 јануари.

Дувњак се повреди синоќа на мечот со Србија во првото коло од групата А, а денешните прегледи покажале дека селекторот Лино Червар не може да смета на него. Денешната магнетна рецонанца покажа дека повредата е многу сериозна и не се знае кога Дувњак ќе може да се приклучи на репрезентацијата.

Хрватска утре игра со Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top