среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 123 ново

Алаѓозовски исвиркан од Вевчанци и поздравен со паролата „И јас сум терорист” (ФОТО)

Вевчанскиот карневал кој секоја година се одржува за Василица и оваа година предизвика огромно внимание и голема посетеност.

Попладнево се случи и дефилето на маски и одново стотици маскирани вевчанци продефилираа пред публиката.

Преку голем број маски изработени до совршенство, вевчанци ги исмеаа актуелните политички случувања и новата власт во државта.

Со натписи „Македонците не се терористи”, „Каква Влада таков василичар”…., маскираните потсетија на апсењето на пратеникот од оваа општина Крсто Муковски, а присуството на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, според информациите било исвиркано, објави порталот „Маркукуле“.

Преку маските вевчанци го бркаат злото и го слават светецот Василиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top