петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 75 ново

Студен воздух од север ќе донесе снег во Македонија

Поради спуштање на студен воздух од север, утре и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.

На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава.

Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови.

Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top