петок, 20 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Ова е најнежниот хороскопски знак, а сите мислат дека е ладен ко мраз!

Доколку крај себе го имате припадникот на овој хороскопски знак, морате да знаете за неколку негови карактеристики за кои никогаш не зборува.

Можеби Раковите се молчаливи и не пуштаат никого во својот свет, можеби Скорпијата е таинствена, но никој како овој критичен, организиран перфекционист не покажува една слика за себе, а друга слика во себе.

Затоа, без оглед на тоа дали Девицата ви е пријател, партнер или член на семејството, добро е да ги знаете овие 10 работи за нив.

1.Девиците се многу чувствителни – бидете внимателни. Тие знаат дека се чувствителни, па даваат се од себе за да ги контролираат своите чувства. Толку ги поттиснуваат, што често дознавате што им пречи дури откако ќе „пукнат“. Важно е на Девиците да им пружите чувство на сигурност за тие да сакаат да зборуваат за своите чувства. Нив им е многу важно да ги сослушате. Меѓутоа, подгответе се за следната експлозија, затоа што Девиците се извонредни кога станува збор за поттиснување на чувствата.
2. Кажи што мислиш, мисли го тоа што го кажуваш. Девиците не поднесуваат ментални игри и не сакаат претпоставки. Ако мораат да се „тепаат“ за да дознаат што мислите и чувствувате, не само што ќе го сметаат тоа за потполно губење време, туку и вас ќе ве сметаат за незрели. Но, имајте ја на ум најважната работа – бидете искрени, но бидете и претпазливи.
3. Ред, работа и уште малку ред. Синтагмата „креативен неред“ за Девицата значи „нежно мачење“. Не мора да се обидувате да живеете според нивниот стандард за ред, но барем потрудете се да покажете намера дека сакате работите да ви бидат убаво средени.
4. Разгалувајте ги Девиците (затоа што тие нема). Ретко кој знак толку се дава на другите, а толку малку се грижи а себе. Во суштина, ако мислите дека тие вам ви наметнуваат невозможни стандарди, верувајте дека кон себе се милион пати построги. Затоа е важно да ги разгалувате и да бидете подобри кон нив. Тие никогаш нема да го злоупотребат тоа.
5. Не ја потценувајте нивната интуицијата и затоа секогаш бидете искрени. Не само што можат да намирисаат лага, туку и искреноста ја ценат повеќе од се. Добрата работа е што интуитивната Девица сама ќе ја започне тешката тема ако мисли дека вам ви е незгодно. Лошата страна е што не можете да скриете ништо, дури и ако го правите тоа за нивно добро.
6. Не ги земајте здраво за готово. Нивната лојалност е ненадминлива. Секогаш ќе бидат покрај своите пријатели или партнери, без оглед на се. Но, ако мислат дека се во едноставна врска (пријателска и љубовна), нема многу да се мислат пред да ја прекинат. Тогаш веќе ќе биде доцна да ги поправите работите, затоа што пред да направат таков радикален потег, тие веќе ви дале многу шанси да се поправите.
7. Навикнете се на тоа дека се зависни од работа. Внимателни се и во работата и во хобијата и во врските. Многу се гордеат со својата внимателност и не трпат луѓе кои ги прават работите само колку да ги направат. Затоа, трудете се околу врската и тие тродупло ќе ви го возвратат тоа.
8. Дајте им да дишат, оставете им простор, многу се друштвени и сакаат да бидат меѓу луѓе, но истовремено се многу независни. Потребно е да најдете рамнотежа помеѓу времето кое го поминувате заедно и времето кога се сами.
9. Бидете нивните најголеми обожаватели. Ако мислите дека се критични кон другите, не сакате ни да претпоставите какви критериуми си поставуваат на себе. Затоа им е потребна поддршка и некој кој им повторува дека мораат да се сосредоточат на своите добри страни и постигнувања.
10. Нека не ве лаже името на самиот знак. Девиците се многу страствени. Во почетокот можеби ќе бидат малку воздржани, но еднаш кога ќе се почувствуваат сигурни во вашата прегратка, нема да ви се верува што се можат да направат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top