петок, 20 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Убедлива победа на Земан во Чешка

Сегашниот претседател Милош Земан и академикот Јиржи Драгош се победници во првиот круг на претседателските избори во Чешка и тие ќе ги одмерат силите во вториот на 26 и 27 јануари. Земан освои 41,55 отсто, а Драхош 25,23 отсто од гласовите. После нив следуваат Павел Фишер со 9,56, Михал Харачек со 8,8 и Марек Нишлер со 8,7 отсто од гласовите.

Како што веќе јавивме, првиот изборен ден помина во сенка на скандалот што непосредно пред приоѓањето на претседателот Земан до избирачката кутија, го приреди украинската феминистка, за која подоцна се дозна дека се вика Ангелина Дујашова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top