недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 8 ново

Стјепан Хаусер: Зошто повеќе не сум со Розга?

“Јас и Лука сме различни. Лука од секогаш сакал семејство, а јас сум инаков тип и не се гледам во таа улога во следните 20 години. Животот треба да се живее максимално и од него да се искористи се. Од друга страна, ние мажите имаме среќа, па деца можеме да имаме и подоцна. Биолошкиот часовник не ни создава притисок. А зошто повеќе не сум со Јелена и дали имаме комуникација не би сакал да коментирам”, вели Стјепан Хаусер или едната половина од фантатстичниот двоец 2 Челос и уште додава: “Сега кога сум сам повторно се забавувам како и порано. Уживам во самотијата, ја сакам таа слобода. Со мене не е едноставно и полесно ми е кога сум сам со себе отколку кога некој ме трпи.

Тоа, пак, што во моментов со Лука се во различен “филм” вели не им е проблем, затоа што 2 Челос секогаш ќе остане 2 Челос.

“Едноставно тој сака да биде со семејството, а јас луд, откачен и хиперактивен каков што сум нема да мирувам дома. Додека Лука одмора со семејството, јас ќе продолжам да создавам”, додал Стјепан, кој бидејќи ги мрази зимите во овој период од годината секогаш е на некоја егзотична дестинација каде ги полни батериите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top