недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 9 ново

Евтини вили има – во Италија

Пазарот на недвижностите во Италија и понатаму не покажува знаци на закрепнување, преплавен од станови и куќи на должници кои не успеале да ги отплаќаат станбените кредити на банките.

Статистичките податоци на листата објавени пред неколку дена покажале дека во третото тримесечие лани е забележано продолжено паѓање на цените на недвижностите, пренесува пословни.хр.

На квартално ниво цените се помали 0,5 посто додека на годишно ниво падот изнесува 0,8 посто. Со тоа е продлабочен падот на цените кои тамошниот недвижен и градежен сектор практично го фрлил на колена.

Имено, реалните цени на станови и куќи се во константен пад од 2007 година, и сега се 23 посто пониски од пред 10 години. Како и да е, Италија е единствена членка на ЕУ и во која цените на недвижности ослабнале во второто тромесечие лани, покажуваат последните податоци на Евростат.

За споредба, две третини членки на ЕУ забележале раст на цените повисок од пет отсто. Лошата ситуација на пазарот на недвижности се одразува на перцепцијата на економската состојба меѓу граѓаните.

Имено, 72 посто од домакинствата живеат во имот која е во нивна сопственост, па не чуди податокот дека 80 посто од Италијанците сметаат дека економската ситуација во земјата е лоша, откриваат податоците на Евробарометарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top