петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 92 ново

Белата куќа: Трамп е во одлична здравствена состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти доцна синоќа Белата куќа цитирајќи го неговиот лекар после првиот систематски преглед по доаѓањето на Трамп на власт.

„Медицинскиот преглед во воената болница „Валтер Ред“ е исклучително успешен. Претседателот има одлично здравје“, изјави лекарот Рони Џексон, кој претходно беше задолжен за прегледи на неговиот претходник, Барак Обама. Детали од прегледот ќе бидат соопштени следната недела.

Противниците на Трамп отворено го доведуваат во прашање неговото ментално здравје, но во текот на систематскиот преглед не бил планиран преглед и од психијатар.

Американскиот претседател не е обврзан да биде подложен на систематски преглед, нити тоа да го соопшти на јавноста. Но, тоа сепак стана традиција. Трамп, кој е во 71 годината, како најстар претседател во американската историја, ги следи своите претходници.

Во американската јавност почната е дебата за менталните способности на американскиот претседател по објавувањето на контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, во која се наведува дека опкружувањето на Трамп се сомнева во неговата психична стабилност за да владее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top