петок, 20 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Дарко сака да се смират, Ана не сака да чуе, инсистира на едно

Фолкерот Дарко Лазиќ конечно сфатил што се го чека откако беше објавена снимката на која шмрка кокаин. Пандорината кутија е отворена, а по скандалозната снимка во животот на Лазиќ владее хаос.

Како што тврдеше неговата ба баба Милка, Ана Севиќ пронашла друг маж и побарала развод, а тој пак се теши со нова девојка. Сепак, страстите се смируваата, а Дарко сфатил дека после се може само да изгуби.

-Не му е лесно, сите бродови му потонаа кога дозна дека Ана го изневерува. Но, и таа му кажа дека знае дека и тој ја изневерува, па дека нема потреба веќе да се фолираат. Дарко набрзо потоа се исели од станот на Видиковец, а кога се смири ситуацијата сфати дека не сака да остане без семејството и контактираше со Ана за да се договорат. Но, таа била шокирана од неговиот став дека треба да се премине преку се и не сакала да чуе за смирување, тврди упатен извор за Ало.рс.

 

Лазиќ ѝ оставил на Ана стан од 300.000 евра и ќе се погрижи ништо да не ѝ недостасува на Ана во животот, зашто среќата на нивната ќерка му е најважна од се. Ана, пак, побарала целоснос тарателство над дететот и ништо друго не ја интересирало. Му рекла дека најдобро би било извесно време да не комуницираат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top