петок, 20 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Ненадиќ: Полесно ми е што изгубивме со 10 разлика

Нашиот северен сосед вчера во балканското дерби беше декласиран од домаќинот Хрватска со десет гола разлика (32:22).

По мечот од таборот на поразената екипа, поточно Петар Ненадиќ истакна дека ова за нив било катастрофа.

-Што да кажам освен тоа дека ова беше катастрофа. Толку се изнервиравме што не знам што да кажам. Беше лошо, но искрено да ви кажам, лесно ми е што изгубивме со десет гола разлика отколку да изгубевме со еден. Мора што побрзо да се заборави ова, да се свртеме кон следниот меч. Се надевам дека научивме нешто од ова, изјави Ненадиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top