недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 9 ново

Мурињо ги соопшти лошите вести за Ибрахимовиќ

Искусниот голгетер Златан Ибрахимовиќ го нема во редовите на Манчестер Јунајтед веќе две седмици.

Ибрахимовиќ по тешката повреда побрзо од очекувањата се врати на терен, но се чини дека интернационалецот од Шведска и не бил баш подготвен и избрзал, па за тоа сега дополнително ќе паузира.

-Златан е повреден, односно не е задоволен од состојбата во која се наоѓа моментално. Се бори како лав, како што тој знае да каже. Се врати на терен, но чувствува дека се уште не е потоплно спремен. Разговараше со лекарите и одлучи дека некое време нема да игра. За две седмици повторно би требало да почне да тренира и се надевам дека што поскоро ќе може да игра, изјави Мурињо.

Португалскиот стратег со ова ги разјасни шпекулациите кои кружеа дека Златан го нема бидејќ се подготвува да направи трансфер и си замине зимава од „Олд Трафрод“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top