вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 4 ново

Миркуловски: Желни сме да направиме повеќе

Селекцијата на Македонија денес од 19:30 часот го игра првиот дуел од Европското првенство, а противникот е Словенија. Еден од поискусните во нашата селекција, Филип Миркуловски пред вечерашната пресметка вели:

-Подготвени сме за првиот натпревар. Сите сме здрави и тоа е најважното во пресрет на овој натпревар. Словенија е нашиот прв противник, тие се во улога на фаворити, бронзени се од последното Светко првенство и тоа ги прави условно поквалитетен тим од нас. Но, тие се послаби отколку на првенството во Франција со оглед на тоа дека им се повредени неколку играчи и нема да бидат во истиот состав. Но, тоа не значи дека ќе биде полесен натпреварот. Прв меч, натпревар што може многу значи за двете репрезентации. За нас конкрентно, овој меч е шанса да освоиме бодови што понатаму ќе играат голема улога. Желни сме да направиме повеќе од досега и за таа цел мораме да победиме, изјави Миркуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top