петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 78 ново

Кривичниот суд ги објави судиите кои ќе ги водат предметите на СЈО

Кривичниот суд денеска ги објави имињата на судии кои според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев ќе ги водат предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Соопштението на судот ви го пренесуваме во целост:
Заради интерес на медиумите кои ги следат јавните судења кои се водат во Основниот суд Скопје 1 – Скопје каде како надлежен обвинител се јавува Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) како и други судења за кои постои медиумски интерес, ги известуваме претставниците на медиумите дека согласно АКМИС – системот за управување со судски предмети и новиот годишен распоред за работа на судиите при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, предметите се распределни на понатамошно постапување кај судиите:
Одделение за организиран криминал и корупција:
КОК бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тарифа“ – судија Софче Гаврилова –
Ефремова.
КОК бр. 60/17 од обвинителството означен како „Трезор“ – судија Џанета Бегтовиќ.
КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ – судија Добрила Кацарска.
КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2“ – судија Огнен Ставрев.
КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ – судија Осман Шабани.
КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“ – судија Осман Шабани.
КОК бр. 53/17 од обвинителството означен како „ТНТ“ – судија Огнен Ставрев.
КОК бр. 52/17 од обвинителството означен како „Траекторија“ – судија Горан Бошевски (стар
распоред).
КОК бр. 40/17 од обвинителството означен како „Триста“ – судија Добрила Кацарска.
КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет/Тврдина“ – судија Џанета Бегтовиќ.
КОК бр. 30/17 од обвинителството означен како „Транспортер“ – судија Добрила Кацарска.
КОК бр. 53/10 од обвинителството означен како „Сопот“ – судија Владимир Туфегџиќ.
КОК бр. 99/16 од обвинителството означен како „Шпион“ – судија Владимир Туфегџиќ.
Предмети по обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за организиран
криминал и корупција:
КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“ – судија Огнен Ставрев.
Оддел Кривично – полнолетни:
К.бр. 1959/17 од обвинителството означен како „Тортура“ – судија Александра Ристеска.
К.бр. 1905/17 од обвинителството означен како „Титаник 3“ – судија Оља Ристова.
К.бр. 1904/16 од обвинителството означен како „Насилство Општина Центар“ – судија Душан
Јосифов.
К.бр 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“ – судија Лидија Зимбовска ( стар
распоред )
За останатите предмети кои сеуште не се распределени и обвинителните акти кои сè уште не се оценети, дополнително ќе информираме. Предметите за кои е насрочена главна расправа, термините се веќе објавени на веб-страницата на судот во делот Календар на судење“, соопшти судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top