недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Можност за работа: Богата арапска земја бара 10.000 жени-возачи

Driving a car at night – pretty, young woman driving her modern car at night in a city (shallow DOF; color toned image)

Откако во септември минатата година ја укина забраната на возење автомобили за жените, компаниите за посредување и пружање услуги во патничкиот превоз „Убер“ и „Карим“ одлучиле во Саудиска Арабија да ангажираат жени.

Жените, сепак, ќе мора да чекаат до јуни 2018 година кога одлуката ќе стапи на сила.

Компанијата „Карим“ одлучила а ги регрутира жените веднаш откако било најавено укинувањето на забраната и да организира 90 минутна обука во Ријада, Џеди и Хобар.

Мрежата Си-ен-ен извести дека 80% од корисниците на „Убер“ се жени, а во „Карим“ бројката достигнува 80% од корисниците.

Меѓутоа, „Карим“ компанијата соопшти дека жените таксисти ќе можат да возат само жени и семејства. Тие потврдија дека имаат во план во 2018 година да вработат најмалку 10.000 жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top