недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 9 ново

Скопјанец загина, со мерцедесот се забил во канделабра

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случила трагична сообраќајна незгода во која животот го загубил 36-годишен маж од скопското село Марино.

Според информациите од МВР, вчера одколу 23:30 часот на скопскиот булeвар „Александар Македонски“, Г.С. (36) управувајќи автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.
Во незгодата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на лице место, додека сопатникот З.М. 38) исто така од скопското село Марино, се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинкса помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде бил задржан на лекување на клиниката за трауматологија.

Увид на лице место извршила екипа од секторот за внатрешни работи, а во расчистување на последиците од сообраќајката интервенирале и пожарникарите. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на судска медицина за обдукција.
фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top