вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 4 ново

Фотографија на денот: Жените во Саудиска Арабија првпат на стадион

Оваа фотографија е исклучителна: првпат во историјата на Саудиска Арабија жени следат фудбалски натпревар на стадион.
На стадионот, на кој се играше натпреварот меѓу Ал Ахли и Ал Батин, вчеравечер за семејства беа резервирани 14.000 места. Натпреварот заврши со победа на Ал Ахли од 5:0. Под резултатот на интернет корисниците постираа и „Жени 1 – Мажи 0“.

Во текот на наредните денови жените смеат да следат уште два натпревара во Ријад и Дамам. Отворањето на стадионите за жените е дел од низата општествени реформи во исламско-конзервативната земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top