четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 63 ново

Десеттиот претседател на САД бил роден во 1790, а внуците од синот сè уште му живи

Џон Тајлер, десеттиот претседател на Америка, бил роден во 1790 година. Неговиот претседателски мандат бил од 1841 до 1845 година. Починал во 1862 година и денес има двајца преживеани внуци.

Лион Гардинер Тајлер Џуниор е роден во 1924 година, додека Харисон Руфин Тајлер е роден во 1928 година и е син на Лион Гардинер Талјер Сениор, кој бил едно од 15-те деца на претседателот Џон Тајлер.

Да, 15 деца. Како што Харисон објаснил во интервју од 2012 година за „Њујорк магазин“:

„И дедо ми, претседателот, и татко ми, двапати стапиле во брак. Имале деца со првите сопруги. Нивните први сопруги починале, така што се ожениле повторно и повторно имале деца. Татко ми имал 75 години кога се родив јас, а неговиот татко имал 63 години кога се родил тој“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top