недела, 17 јуни 2018 | Вести денес: 113 ново

Ана Павловска-Данева: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата

Поранешната пратеничка на СДСМ, која беше избрана за член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија, професорката Ана Павловска-Данева од Правниот факултет во Скопје смета дека Законот за јазиците не треба да се носи без опозиција и по скратена постапка.

-Законот за употреба на јазиците, кој е од големо политичко значење, не треба да се носи без присуство на опозицијата, вели Павловска-Данева, додавјќи дека тој не смее да биде усвоен ниту по скратена постапка.

Според Павловска-Данева, чиј став го пренесува порталот Фактор, никому не му бил јасно зошто законот имал европско знаменце. Таа не очекува Уставниот суд во најбрзо време да се нафати со оценување на Законот за употребата на јазиците.

 

-Уставниот суд само што се пополни со нови уставни судии, па така од оваа институција не се очекува пребрзо да се нафати на предмет како оценување на уставноста на законот за употреба на јазиците, но може да биде повикан со поднесување на преставка за што секако збор ќе имаат и експертите по уставно право, а ќе се направи ретроспектива и на досегашните оценки и нивни изјави по ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top