недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Си го задушила синот кога дознала дека свекорот ѝ ја силувал ќерката

Сама, во болничка соба, скршена од тага триесет и седумгодишна мајка, во момент на психичко растројство си го задушила болниот осуммесечен син кога дознала дека  свекорот ѝ ја силувал ќерката која останала дома. Невидена семејна трагедија ја погоди Виена.

-Откако го задушила детето со перница, избегала од собата, па се обидела да се самоубие, сечејќи ги вените на својата рака, пишува австрискиот портал „Хојте“.Полумртвата жена ја пронашла медицинска сестра и ѝ го спасила животот. Болничар го открил безживотното тело на детето и контактирал со таткото.

Подоцна е констатирано дека бебето е убиено, а аутопсијата потврдила дека се работи за задушување. Според информации од полицијата, жената била психичи нестабилна. Сега е во притвор и затворена е во психијатриски одел.

Како што објавил “Кронен цајтунг” покренато е обвинение против дедото на малиот Теодор. Дедото за време на божиќните празници сексуално ја злоупотребил четиригодишната сестра на Теодор и со тоа ја довел снаат во очаен чин. Уапсен е како силувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top