понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 21 ново

Зидан и официјално си заминува од Реал Мадрид

Актуелниот првак на Европа и Шпанија, мадридски Реал, поминува низ тежок период.

Тренерот Зинедин Зидан како да го изгубил компасот во екипата и Кралевите од натпревар во натпревар изгледаат се послабо. Лошите резултати на крајот од сезоната би можеле да го чинат францускиот експерт навистина многу.

Иако Зидан без никаков сомнеж е апсолутна легенда во клубот, претседателот Флорентино Перез веќе размислува да му врачи отказ. Доколку се продолжи серијата на лоши резултати, Зидан и пред крајот на сезоната ќе добие отказ.

Во тој случај, до крајот на сезоната Реал Мадрид ќе го води привремен тренер, а на лето Перез има сосема јасна цел. Тој на клупата на својот клуб сака да види навистина големо име, актуелниот селектор на репрезентацијата на Германија.

Иако многу познати експерти се поврзуваат со превземањето на Реал Мадрид, Лоу наводно е првиот избор на Перез за клупата на Реал Мадрид, на воодушевување на бројни навивачи кои сметаат дека токму тој е вистинска опција за Реал Мадрид.

Тој ќе се обиде да го доведе на клупата на Реал Мадрид, иако 57-годишниот експерт со Фудбалскиот сојуз на Германија има договор д о2020 година, Лоу на клупата е веќе 12 години. Со репрезентацијата тој го освои Светското првенство во 2014 година, а Германците играат навистина убав фудбал.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Сепак, на клупско ниво тој немал премногу успеси. Со Штутгард го освоил DFB купот во 1997 година, со Тирол австриската Бундес Лига во 2002 година, и тоа претставуваат неговите два најзначајни успеси што се однесува до клупскиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top