четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 112 ново

И децата и возрасните на протести во Врапчиште – причината несекојдневна (ВИДЕО)

Жителите на гостиварско Врапчиште протестираат против спортските обложувалници. И децата и возрасните бараат тие да бидат затворени. Протестот започна веднаш по петочната молитва. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште. Демонстрантите потпишаа петиција и собраа 800 потписи, пренесе ТВ21.
На протестот, во знак на поддршка излезе и градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, кој што испрати порака до институциите на централно ниво да ја почитуваат волјата на жителите на Врапчиште.
Демонстрантите порачаа дека доколку не се преземат мерки, ќе ги радикализираат протестите. Организациониот одбор на протестот информираше дека иницијативата на која собраа 800 потписи за затворање на овие локали, е испратена до државниот пазарен инспекторат, УЈП – Гостивар и до Секторот за урбанизација во општина Врапчиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top