петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Путин: Битокоин? Сами сте си виновни

Рускиот претседател Владимир Путин се вклучи во дебатата за биткоинит. Тој истакна дека ќе биде потребна законска регулатива за криптовалутите, но, според него во моментов целиот ризик и одговорност ги носат инвеститорите.

Говорејќи на прес конференција, Путин рече дека Централната Банка на Русија има трезвен пристап кога станува збор за критповалутите како што е биткоинот, затоа што нема со што да ја гарантира нивната вредност.

– Генерално, секако, во иднина сигурно ќе биде неопходно тоа да се регулира со закон. Централната банка веќе има став кон ова прашање, како што има и Владат. ЦБР се однесува конзервативно, но според мене за тоа постои и основ, затоа што ни е јасно дека нема ништо позади криптовалутите, тоа не може да биде средство за акумулација, нема никаква материјана вредност позади него и нема заштита, рече Путин.

Путин додаде дека доколку не се регулираат криптовалутите доволно ефикасно, владата мора да биде одговорна за тешката ситуација во која луѓето може да се најдат.

– Сега одговорноста е само ваша, рече Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top