среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 126 ново

Мицкоски: Извршниот комитет ќе се зголемува со нови членови

По изборот на Извршниот Комитет и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кажа дека одлуката е негова како претседател на партијата и предлагач на овие имиња, истите да ги презентира пред Централниот Комитет.

-Централниот комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас против. Инаку, имаше 115 присутни од 135 членови на ЦК. Она што го напоменав пред самиот ЦК е дека ова е првичната бројка од 26 членови на самиот Извршен Комитет, истиот ќе се проширува во периодот кој што следува, бидејќи партиското организирање е еден динамичен процес, бара иновирање на истото. Така што, ова е структурата на ИК, кој што во следните две години ќе биде официјално тело, во првична верзија, но во периодот кој што следува нормално тоа го кажав и пред членовите на ЦК, постои простор за негово зголемување со нови предлози, изјави Мицкоски.

Тој на новинарско прашања кажа дека Илија Димовски и Антонио Милошоски се перфектни луѓе, кои и во партијата и во државата извршувале големи и значајни функции.

-Имаат уште што многу дадат во структурите на партијата, така што не се исклучува никаква можност за понатамошно нивно вклучување во било кој сегмент и во структурата на партијата, се разбира доколку тоа содејствува со нивните амбиции, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека биле поканети биле сите членови на Централниот комитет и дека не би сакал да коментира никакви шпекулации кои ги има во јавноста.

-Периодот кој што следува продолжуваат подготовките за она што се вели зголемување на партискиот статут. Дадовме некој рок, кој отприлика би требало да биде крајот на месец јануари, плус минус некоја недела можеби би потребна, зависи од динамиката на изработка на тие статутарни измени, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека пред ИК на првата седница ќе го предложи составот на Советот на Извршниот Комитет, со што извршниот комитет ќе може да одлучи дали ќе го прифати неговиот предлог или не. Тој најави дека кога ќе биде подготвено и телото на Советот на претседателот на партијата и тоа ќе биде презентирано пред ИК, кој ќе треба и таму да се произнесе.

Тој кажа дека во следниот период ќе се почне со изборот на претседатели на Општинските Комитети, но пред тоа ќе се ажурира членството на партијата.

-За нас е важно ние куќата да почнеме да ја градиме од темелите, за да дојдеме до кровот и тука мора да има јасна методологија на чекори кои што во периодот кој што следи ние ќе ги преземеме. Така што еден по друг чекор ќе следат овие активности. Секако ќе имаме нови претседатели на Општинските Комитети, онаму каде што мандатот е истечен, онаму каде што е констатирана потреба дека претседателот на ОК е неопходно да биде променет со друг, во интерес на подобрување на функционирањето на самиот ОК и тоа ќе го направиме. Во овој момент не би имал што додадам, освен да следите внимателно како ќе постапува ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следува и да се надеваме дека што е можно побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада во Република Македонија, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека вицепремиерот Бујар Османи не го контактирал за да има средба околу спорот со името, иако тоа го најави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top