понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 62 ново

Дувњак во ист кош со Србите: Свирежи за српската химна, свирежи за хрватскиот капитен (ВИДЕО)

Еврошампионатот во Хрватска почна неспртски. Публиката во Сплит не дозволи да се слушне националната химна на нивниот прв противник на првенството – Србија.

Не вродија со плод ниту апелите кои непосредно пред интонирањето на химната на гостите, ги направи еден од најдобрите ракометари на Хрватска, Домагој Дувњак.
Дури и тој беше исвиркан од полниот „Спаладиум” во Сплит.

Хрватските медиуми, но и љубители на социјалните мрежи ја осудија постапката на присутните во салата „Спаладиум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top