четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 84 ново

Исланд и Белорусија со победи го отворија Европското првенство

Денеска започна Европското ракометно првенство во ракомет, а со победи стартуваа селекциите на Исланд и Белорусија.

Во групата А која што се игра во Сплит, селекцијата на Исланд со 26:24 победи против Шведска, а вечерва се игра вториот натпревар од оваа група помеѓу домаќинот Хрватска и соседот Србија.

Групата Б се игра во Пореч, а во првиот натпревар Белорусија ја совлада Австраија со 27:26, додека вечерва светскиот првак Франција ќе игра со селекцијата на Норвешка.

Европското првенство за македонската репрезентација започнува утре во 19 часот и 30 минути, кога нашите ракометари ќе играат против селекцијата на Словенија во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top