вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 99 ново

Мистерија по грабежот во Париз – како избегале кадците?

Спектакуларниот грабеж на златарницата во луксузниот паришки хотел „Риц – Карлингтон“ се уште е тема на светските медиуми. Петмина маскирани крадци со фантомки на главите, вооружени со секири и веројатно со огнено оружје, упаднале во хотелот и украле накит вреден четири милиони евра.

Тројца од нив уапсени се при обидот да избегаат од хотелот, а двајцата кои биле на задниот излез успеале да избегаат. Бегалците изгубиле една вреќа со накит додека бегале, но не е јасно како избегале покрај толку полиција која пристигнала на местото на грабежот веднаш откако било јавено дека има грабеж. Според официјалниот изештај, избегале со мотори, а медиумите наведуваат дека едниот користел мотор, а другиот автомобил.

Потврдено е дека крадците се од парискиот кварт Сен Дени, а се претпоставува дека се ситни криминалци кои биле испратени за да соберат пари за терористи.

Сведоци кажуваат за паниката која настанала во хотелот, помислеле дека се работи за терористички напад, а тревога била прогласена и во околните објекти.

-Видов мажи со пиштоли и само гледав да избегам од таму. Излегов низ барот, избегав, трчав и трчав, се најдов во подрумот и продолжив да трчам иако не знаев каде се наоѓам. Не знаев што се случило, мислев дека е напад, вели девојка која се нашла во „Риц                                                                                          “se našla u hotelu Ric.

Еден извор наведува дека во „Риц“ накит изложуваат сите светски познати златарници, а хотелот се наоѓа недалеку од зградата на Минситерството за правда, кое е под вооржиено воено обезбедување 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top