среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 119 ново

Заев го напушта принципот на преговори под капата на ОН: Димитров и Коѕијас ја преземаат палката од преговарачите Наумовски и Василакис

Епилогот од вчерашната тајна средба на Димитров и Коѕијас во хотелот ,, Македониа Палас’’ во Солун ќе бидат работни групи кои ќе работат на промена на името кој ќе ги предводат министрите за надворешни на двете држави. Средбата била окарактеризирана како тајна бидејќи ниту македонското ниту грчкото МНР не е соопштено времето и местото на одржување на средбата.

Првата средба на работните групи ќе се случи во февруари кои директно ќе преговараат за решенија на спорот со името.

Грчкиот портал Воира истакна дека средбата била во огромна тајност и со високи безбедносни мерки, во период кога се бара прифатливо решение за името за ингеграција на ФИРОМ во НАТО.

На средбата се договорило да се формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи на двете држави кои ќе го решаваат 25 годишниот спор за името, вели Димтров во своето интервју за Ројтерс.

Според Ројтерс македонското членство во НАТО е блокирано од Атина поради територијалните претензии кон Грција кои ги имплицира името Македонија.

Димитров во своето интервју за Ројтерс вели ,, Имаме голема одговорност’’ додавајќи дека Македонија е свесна за стравовите на нејзините соседи, со што во целост ја оправдува грчката теза за иредентизам.

За Ројтерс мнозинството во Македонија зборува словенски јазик кој е во тесно сродство со бугарскиот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top