сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 13 ново

Спој на млади и искусни партиски кадри: Избран новиот Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ

Вечерва во централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран новиот Извршен комитет на партијата. Новиот список со имиња е спој на млади и искусни партиски кадри.

Нов генерален сектретар со одлука на ЦК е Игор Јанушев.

Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.

Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознава КУРИР се избрани и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

Седницата на Централниот комитет на партијата се уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top