вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Снег на Маврово и Попова Шапка, магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Маврово и Попова Шапка кој не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла има на патни правци од 50-150м. Лисец – Попова Шапка , Маврово, Стража, Ѓавато и Плетвар, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top