четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 69 ново

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе го качи јавниот долг над 50 проценти

СДСМ ќе го качи јавниот долг на Република Македонија над 50 проценти, а самите тие велеа дека земјата е пред банкрот уште кога долгот надмина 40 отсто во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, реагира опозицијата по прес-конфренцијата на министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Од нова година до сега, за неполни две недели, тајно, зад затворени врати, црното економско трио на СДСМ Заев, Тевдовски и Анѓушев ја задолжија државата за преку 570 милиони евра. За само 12 дена секој граѓанин во Република Македонија, благодарение на СДСМ должи нови, приближно 300 евра. Заев, Тевдовски и Анѓушев на едно четиричлено семејство за нова година му подарија нов долг од приближно 1 200 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, најпоразително било тоа што нема нови капитани инвестиции, освен оние кои биле предвидени од претходната власт, а новата се задолжила за над поливина милијарда евра без реална потреба.

„Со задолжувањето ќе го покриваат огромниот буџетски дефицит, на најголемиот и расипнички буџет во историјата на државата, во кој нема пари за покачување на пензиите, социјалната помош, но нема пари ни за нови капитални инвестиции. Владата на СДСМ од своето доаѓање до денес ја задолжи државата за неверојатни 1.3 милијарди евра. 1.3 милијарди евра, пари кои ќе ги враќаат идните генерации, без државата да има реален бенефит. Додека државата неосновано се задолжува, стопирана е и реализацијата на тековните проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Застанаа со градба автопатиштата, нема пари за зголемувањата на пензиите и социјалните трансфери, нема пари за нови енергетски капацитети“, велат од опозицијата.

Додаваат дека Владата се обидела да го прикрие задолжувањето, со објавувањето на одлуката за еврообврзница во службен весник во екот на новогодишните празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top