петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

ОЈО отвори постапка против „Дрисла“, Шилегов ги провоцира другите институции

Поради континуираното загадување на воздухот во Скопје, Основното јавно обвинителство отвори постапка за кривично дело за Загадување на животната средина и природата.

„Надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата.

Дрисла, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“. – велат од ОЈО.

Од друга страна, седум години се чека да се промени печката во „Дрисла“ иако Град Скопје во 2012 година се јавил како гаранција за нова печка со давање на меница со висина 700 илјади евра, изјави денес градоначалникот Петре Шилегов. Тој вели дека како градоначалник за два и пол месеци ги испровоцирал другите органи за да преземаат мерки со загадувачот „Дрисла“, но не знае зошто тоа не било направено пред него.

„До крајот на февруари на постојната печка ќе биде поставен воден филтер со цел да се избегне толкав интензитет на честички од инцелаторот на „Дрисла“, а во тек е набавка на нова печка. Индикативно е тоа зошто тоа до сега не е направено имајќи предвид дека Градот се јавил како гарант за набавка на нова печка“, рече Шилегов.

Државниотинспекторат за животна средина тврди дека моментално медицинскиот отпад се складира во контејнери.

Неисправната печка која Македонија ја добила како донација од британската влада пред 16 години и сè уште се користи, не ги исполнува безбедносните стандарди. Инаку пред една недела Државниот инспекторат за животна средина ја казни Дрисла 8.500 евра за палење на медицински отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top