среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 126 ново

Москва: Ги ликвидиравме напаѓачите на нашата база

Руските трупи ја елиминирале милитантната група која изврши напад врз нивната база на 31 декември во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во операцијата учествувале и специјални сили, а на границата со провинцијата Илилиб во Сирија, од каде што и бил организиран нападот, биле пронајдени неколку беспилотни летала, храна и муниција.

Артилерискиот напад во руската воена база во Хмејмим доведе до смрт на двајца руски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top