четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 69 ново

Јункер: ЕУ нема да се проширува до 2024

Ниту една од земјите кандидатки за членство не ги исполнува критериумите за да може да се приклучи на унијата во следните шест години. Претседателот на европската комисија од Софија порачува дека мора да се внимава на земјите од западниот балкан, за да не се повторат настаните кои би ги вратиле во годините од минатиот век.

– Обврска на следната Комисија од ноември 2019 до ноември 2024 година ќе биде да ги насочи државите членки и јавното мислење во тој правец, изјави Јункер по состанок на ЕК и бугарски официјални лица во Софија.

На првиот состанок на комесарите по преземањето на бугарското претседателство, Борисов оценува дека најважно е да се внимава на поврзаноста, но и на соседите на унијата. Бугарскиот премиер се надева дека ќе успеат да го исполнат ветеното.

Идниот месец Јункер треба да ја објави стратегијата за приближување на западниот балкан, а во мај лидерите на земјите членки на ЕУ на самитот договорен во Софија ќе им ги пренесат пораките на лидерите од балканските земји. Пораките од Брисел за Македонија се јасни, решение на спорот со името, но и импелмаентација на итните реформски приоритети кои се неопходен услов за напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top