петок, 20 април 2018 | Вести денес: 93 ново

Каракамишева: Со Фејсбук и Твитер нема да ја спречиме двојазичноста, потребни се протести

На својата страница на фејсбук, универзитетската професорка Тања Каракамишева ја истакна штетата од двојазичноста која се воведува во Македонија со новиот закон за јазици.

Професорката смета дека претседателот Иванов ќе го блокира законот, но затоа што е најавено негово повторно гласање доколку Иванов стави вето, според неа потребни се протести а не само критикување од дома на фејсбук и твитер.

Гледам голема прашина крена вчерашното изгласување на Законот за јазиците, читај: Законот за албанскиот јазик.

Иако устата пена ми фати од зборење за последиците од неговото носење во државата, дека истиот е неуставен и неевропски, еве уште сум тука и уште зборувам, но сега и јавно прашувам:

Што ќе преземат Македонците откако претседателот Иванов се поизвесно е дека нема да го потпише указот за негово прогласување и откако истата содржина на закон ќе биде вратена пред пратениците на повторно гласање?

Согласно Уставот, ако претседателот Иванов не го потпише указот законот се враќа во Собрание. Ако пратениците повторно го изгласаат законот во истава содржина Иванов е должен да го потпише указот.

Ова значи дека мајката му е во овој меѓупериод да се организира конкретен тип на граѓанско незадоволство.

Прашањето е дали во овој последен вагон од возот разочараните по фејсбук и твитер Македонци независно од нивната партиска припадност ќе изразат конкретно незадоволство со кое ќе можат да го спречат неговото повторно изгласување, како што најави Артан Груби со вчерашните изјави, или пак ќе спиеме на ушите?

Дали и натаму ќе кукаме по фејсбук, твитер, и слично колку е ова не фер и не коректно или Македонците конечно ќе се освестат што се прави во нивната држава?

Ќе дозволиме ли уште едно гласање на овој ист закон во Собрание? – пишува Каракамишева.


 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top