четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 74 ново

Се на што предупредуваше иницијативата „За заедничка Македонија“, станува реалност – Македонија е двојазична

Додека траеја протестите на иницијативата „За задрничка Македонија“, многу граѓани, политичари, надворешни фактори и медиуми тврдеа дека опасноста од двојазичноста и тиранската платформа е нереална, и дека ВМРО и Груевски само го користат прашањето и народот за да се задржат на власт што подолго.

Многумина веруваа на Заев дека двојазичноста и тиранската платформа е само во главата на Груевски.

Нема поправање, нема каење, за Македониај се работи, предупреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Груевски на митингот во Штип уште во декември 2016 година.

Зборувајќи за намерите на сценаристите кои го најмиле Зоран Заев за да ги спроведе нивните намери, Груевски нагласи дека ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад.

– Кога нешто ќе се направи од ваков карактер, ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење. Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што ѝ следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грешки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, дабидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина – изјави Никола Груевски на 2 декември пред штипјани.

Сегашниот премиер Заев јавно на прес конгеренција во фебруари 2017та кажа дека неговите експерти рекле дека двојазичност на униформите и парите е неуставно.

За тоа кој го лажел народот а кој ја говорел вистината, јавноста може сама да пресуди по вчерашното донесување на законот со кој и банкнотите и униформите ќе бидат двојазични.

Останува да видиме дали покрај двојазичноста, премиерот Заев ќе го исполни и ветувањето за кантонизација на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top