вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 99 ново

Васко Ковачевски е назначен за нов директор на РЕК Битола

Управниот одбор на АД ,,Електрани на Македонија” го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Васко Ковачевски, за директор на РЕК-Битола.

Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем на Р Македонија во периодот што следува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top