среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 126 ново

Руски медиуми предвидуваат за промени на Балканот ако Македонија го реши спорот со името

Македонија и Грција се блиску до договор за спорот со името на македонската држава, а конечното решение ќе доведе до сериозни геополитички промени на Балканот, пишува московскиот весник „Комерсант“.

Според тврдењата на весникот, по договорот, Скопје речиси сигурно ќе добие повик за членство во НАТО.

Весникот наведува и дека конечниот договор за името може да биде постигнат веќе следната недела во Њујорк. Според весникот, во прилог на тоа дека новата рунда преговори може да биде клучна, одат и консултациите кои во Атина ги имаше македонскиот вицепремиер Бујар Османи.

-Решавањето на спорот меѓу Скопје и Атина, кој трае повеќе од две и пол децении, не само што ќе го сруши клучниот проблем во нивните односи туку и ќе има сериозни геополитички последици по регионот, оценува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top